Можи раскажана лектирата "20,000 милји под морето"?
Приказната започнува така што се зборува за морско чудовиште, кое што е забележано од бродови од различни земји. Најпосле, американската влада оформува експедиција во Њујорк за да го пронајди и да го уништи чудовиштето. Професорот Пјер Арно, кој е познат француски морски биолог (кој што е воедно и наратор во книгата) случајно се наоѓа во Њујорк во тоа време, така што добива покана за експедицијата, која тој прифаќа.
Експедицјата тргнува од Бруклин на бродот со име Абрахам Линколн, кој е дел од Американската морнарица. Бродот патува кон Кејп Хорн во Тихиот океан. Пос долго барање, чудовиштето е пронајдено и бродот го напаѓа. Во текот на борбата, бродот се оштетува и дел од морнарите се исфрлени во морето. Потоа, бродот е заглавен на грбот од чудовиштето и тогаш, морнарите откриваат дека чудовиштето е метално. Екипажот е внесен во „чудовиштето“ и тогаш, тие го запознаваат неговиот создавач, Капетанот Немо.
Потоа се раскажува за патувањето со подморницата Наутилус, која ја изградил капетанот Немо со цел да им се одмазди на луѓето кои го прогониле од цивилизацијата, но исто така и за нови научни откритија. Немо им објаснува на Арно и на неговиот екипаж дека никогаш не можат да заминат од подморницата, за да не ја откријат неговата тајна. Така, нивното патување ги води на различни места низ океаните, некои реални, а некои измислени: од Црвеното Море преку Антартикот до потонатата Атлантида. Кога ќе се врати во Атланскиот Океан, подморницата е нападната од една „огромна медуза“ и еден член од екипажот умира.
Низ приказната е прикажано дека капетанот Немо бил прогонет од неговата земја, а тоа има некоја врска со неговото семејство. При крајот од приказната, подморницата „Наутилус“ е нападната од брод од таа земја. Немо ги игнорира барањата на Арно да не го напаѓа бродот и наредува напад на бродот, кој потонува со целиот екипаж. Потоа, Немо паѓа во депресија и ја остава подморницата да скита низ океанот, така што таа стасува до брегот на Норвешка, во местото наречено „Маелстром“. Ова им дава шанса на неколку затвореници да избегаат од „Наутилус“ и тие успеваат да се вратат живи на копното, но судбината на Капетанот Немо и на „Наутилус“ не е откриена.

Liked by:
antonijaatanasova0
Homework